Новости

Ракомет

Фотогалерија: РК Пелистер официјално ги отвори вратите на клупските канцеларии

Заедно со новите амбиции за следната сезона, новото раководство на РК Пелистер одлучи да ги реновира канцелариите на клубот, кои долги години беа во лоша состојба. Буквално сè се менува од корен, а посебен шмек ќе дадат фотографиите од сите ракометари и тренери кои биле дел од битолската приказна, од неговото постоење, па се до денеска.

Челниците на клубот сакаат да свртат ново поглавје, па вратите на канцелариите ќе бидат отворени за сите добронамерници, кои го сакаат ракометот, а најмногу за верните навивачи „Чкембари“ и сите љубители на ракометот во градот под Пелистер .

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од свеченото отворање и кој се беше на коктелот .

GOLD
To Top