Новости

Ракомет

(Фото) Алушовски: Со поголема безобразност немаше да го загубиме овој натпревар

Фото: Саше Богоевски

Еурофарм Работник остана без бодови на своето деби во Лигата на шампионите иако заслужи барем бод за големата борбеност во текот на сите 60 минути. Финалните 29-30 против Спортинг фрлаат дамка на прекрасното неделно попладне во Битола, каде љубителите на ракометот видоа натпревар од Лигата на шампионите по 14 години.

На крајот гостите извојуваа победа од 29-30, а битолчани жалат што не откинаа барем бод. На прес-конференцијата зборуваа тренерот Стевче Алушовски и хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)

Им честитам на ракометарите на Спортинг за добрата игра и заслужените два бода. Кога играте на ова ниво во Лигата на шампионите морате да имате повеќе идеја во нападот и поголема безобразност. Разликата ја гледам во играта во одбраната и во контрите и полуконтрите. Некои договорени работи не ги испочитувавме во играта во одбрана. Ни останува да работиме за да стигнеме до првата победа во Лигата на шампионите. За жал за нас дебито во Лигата на шампионите заврши со пораз.

Ловро Јотиќ
(ракометар на Еурофарм Работник)

Жал ни е што не успеавме да го донесеме до победа натпреварот против Спортинг. Во второто полувреме направивме неколку технички грешки, а не ги искористивме и можностите со играч повеќе. Моите соиграчи денеска дадоа максимум и им честитам. Публиката нè бодреше максимално и благодарен сум им. Не чека гостување во Шведска и сметам дека што побрзо треба да го заборавиме овој натпревар и да се насочиме кон новиот натпревар.

Еурофарм Работник – Спортинг 29-30 (16-15)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2.000
Судии: Курсад Ердоган и Ибраим Оздениз од Турција
Делегат: Томо Водопивец од Словенија.

Еурофарм Работник:
Митревски, Трајкоски, Вегар, Кукоски, Остроушко 5, Граџан 2, Кузманоски 1, Ојлески, Маркоски, Маџовски 2, Чурлевски, Стјепановиќ 4, Радовиќ 3, Шевелев 4, Јотиќ 5

Спортинг:
Чудиќ, Вејтија 2, Араухо 4, Виеира, Руесга 5, Марцо 2, Роча, Карнеиро, Ван Зелер, Тавареш, Никчевиќ 1, Фраде 3, Гашпар, Бинго 3, Јонеа 10, Младеновиќ

Во домашниот тим најрасположени беа Остроушко и Јотиќ со по пет гола, а Шевелев и Стјепановиќ погодија по четири пати. Кај Спортинг се истакна Јоанеа со десет гола.

Битолчани право на поправен ќе имаат веќе в среда, за кога е закажано гостувањето во Шведска кај Савехоф.

GOLD
To Top