Новости

Ракомет

(Фото) Градското дерби Еурофарм Работник – Пелистер без победник

Нерешен резултат во градското дерби помеѓу Еурофарм Работник и Пелистер.

Пелистерци иако пред самиот крај имаа водство и напад за +2 и натпреварот ќе значеше голема победа но сепак конечниот резултат на семафорот во спортската сала “Боро Чурлевски” беше 24:24 и поделба на бодовите во ова градско дерби иако ова е голем бод рамен на победа .

Присутните во салата беа задоволни од одиграното и со овации го поздравуваа секој гол на Пелистер до самиот крај на натпреварот .

На крај пријателски подадена рака на двата ривали меѓусебе иако двата тима ги чекаат значајни натпревари овој викенд .

Пелистер за само неколку денови има значајно гостување кај Пролет во Скопје додека и нашиот денешен противник има битен натпревар во Швајцарија во рамките од ЕХФ Купот и реваншот со Берн Мури.
РК Пелистер : Стефан Апостоловски , Реваз Чантурија (3) , Васко Димитровски (3) капитен , Харис Плех , Костадин Петров (1) , Милан Поповиќ (6) /(2)- 7 м. , Марко Кобетиќ (2) , Никола Стоилевски (2) , Филип Вардовски , Вук Перовиќ (1) , Огњен Лековиќ , Черубин Табангует, Никола Ивановски , Борјан Маџовски (4) и Стефан Дрогришки (3) .

Тренер :Јосиф Петковиќ
Службено Лице : Златко Димитровски
Асистент :Златко Велјановски
Тренер на голмани:Зоран Атанасовски
Медицински Лица:Владо Николовски и Јован Боглев.

 

 

 

GOLD
To Top