Новости

Ракомет

(Фото) Радовиќ со звукот на сирената донесе победа за Еурофарм против Савехоф

Фото: Саше Богоевски

Еурофарм Работник ја запиша втората победа во Лигата на шампионите, откако денес во Битола го совлада Савехоф со 32-31. Во дуел со многу осцилации, следеше драматична завршница во која овој пат тие ја имаа среќата.

На полувремето Еурофарм Работник имаше водство и од шест поени разлика 18-12, но Савехов во вториот дел постепено ја анулира негативата и дојде до израмнување на 31-31. Сепак последниот гол на мечот заврши во мрежата на гостите по ударот на Радовиќ за победа на македонскиот тим од 32-31.

Мирко Радовиќ, Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко постигнаа по шест голови, а кај Савехоф најрасположен беше Благојевиќ со девет погодоци.

Еурофарм Работник со две победи се наоѓа на петтото место во групата Ц. В среда навечер македонскиот претставник му гостува на Кокс во Финска.

GOLD
To Top