Новости

Ракомет

(Фото) Салата „Боро Чурлевски“ подготвена, Спартак Москва го имаа првиот тренинг

Фото: Саше Богоевски

Ракометарите на Спартак Москва вечерва го имаа првиот тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“, која е веќе подготвена за утрешниот натпревар.

-За нас ова е прв натпревар за СЕХА лигата, за Еурофарм исто. Малку слушнавме, малку видовме како игра Еурофарм, но имаме доволно информации, истакна на прес-конфереција пред тренингот Игор Левшин, тренер на Спартак Москва.

-Очекуваме тежок меч, екипата е добра, физички сме спремни, малку сме уморни од патот и натпреварот од пред два дена, но се надеваме на добар резултат за нас, истакна за Шеталиште десниот бек, црногорецот Игор Радојевиќ.

 

GOLD
To Top