Новости

Ракомет

Холанѓанката Грот е МВП на Европскиот шампионат

Репрезентативката на Холандија, Корнелија Нике Грот е прогласена за најкорисна ракометарка на Европското првенство. Покрај МВП наградата, Грот е избрана и во едеалниот тим на првенството на позцијата среден бек.

Нике Грот, го предводеше холанскиот репрезентативен тим со 35 голови и 30 асистенции, поради што и ја доби МВП наградата.

Покрај Грот, идеалниот тим на првенството го формираа голманката на Данска Сандра Тофт, левото крило на Норвешка и на македоснкиот првак Вардар Камила Херем, левиот бек на Романија Кристина Неагу, десниот бек на Норвешка Нора Мерк, десното крило на Шпанија Кармен Мартин и пивотменката на Холандија Ивет Брок.

Признанието за најдобра одбрамбена ракометарка и припадна на Французинката Беатрис Едвиге.

Првенството како најдобар стрелец го зарши Нора Мерк, таа постигна 53 гола од кои 12 во финалето.

GOLD
To Top