Новости

Ракомет

Шпанија по фантастично финале го одбрани европскиот трон!

Шпанија стана првата селекција по Шведска која успеала да ја одбрани титулата на Европското првенство. „Црвената фурија“ во големото финалето ја совлада Хрватска со 22-20.  Хрватите остануваат без единственото злато кое им фали од големите натпреварувања.

Најдобар стрелец кај победникот беше Гомез со пет погодоци, а Македа постигна три, додека кај Хрватска, Дувњак даде пет, Карачиќ реализира четири погодоци. Натпреварот за титула го судеа македонските арбитри Николов и Начевски кои одлично си ја завршија работата.

GOLD
To Top