Новости

Ракомет

Шпанија против Хрватска за „тронот“ на Европа!

Шпанија е вториот финалист на Европското ракометно првенство, откако во полуфиналето ја совлада Словенија со 34-32. Во финалето Шпанија ќе се сретне со Хрватска, која претходно во трилер-меч по две продолженија славеше над Норвешка. „Црвената фурија“ го реши натпреварот уште во првото полувреме и рутински ја задржа предноста до крајот на натпреварот.

По пресметката во последниот меч од главната фаза, која заврши без победник, дефинитивно во недела ќе гледаме нова интересна битка, како што доликува за едно финале.

GOLD
To Top