Новости

Ракомет

Бабиќ пред натпреварот со Ним: Верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска во Франција ќе се сретне со тимот на Ним, во рамките на ЕХФ Европа лигата.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, очекува подобро издание на неговиот тим, од првиот дуел со Ним кој се играше во Битола и во кој Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз.

„Ним е физички јака екипа, играат многу „еден на еден“ и многу трчаат. Впрочем, играат во француското првенство, кое има свои карактеристики. Ние можеби го одигравме најлошиот натпревар против нив во првиот дел на Европската лига. Имаа изразито расположен голман, кој ни даде и три гола, и собра десет одбрани во првиот дел. Со една таква моќна екипа ние немавме шанси. Мислам дека ќе биде овојпат поинаку. Ние сме ментално многу цврсти, спремни и имаме наши шанси. Сакаме и верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат“, порачува Бабиќ.

Повикани ракометари за натпреварот Ним – Еурофарм Пелистер:

– Мартон Секељи
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Бојан Маџовски
– Дејан Кукуловски
– Стипе Мандалиниќ
– Реиние Табоада
– Марио Танковски
– Мартин Велковски
– Јосип Божиќ Павлетиќ
– Ненад Костески
– Елмир Граџан
– Никола Маркоски
– Милорад Кукоски

Отсутни ракометари:
* Мирко Радовиќ (повреда)
* Јосип Периќ (болест)
* Матео Мараш и Немања Обрадовиќ (позитивни асимптомски случаи на ковид-19 на задолжителното тестирање пред заминување во Франција. И покрај вакцинацијата на целиот ростер, за влез во Франција задолжителен е ПЦР тест).

Евротип
SNBROKER
To Top