Новости

Ракомет

Бабиќ прозиваше во Битола, Еурофарм Пелистер со големи амбиции тргна во новата година

После стартот на подготовките и денешните два тренинзи, тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ ни рече:

„Едвај чекам да почне сезоната и добро е што ќе имаме повеќе натпревари. Имаме многу играчи, широк ростер и многу ракометари кои помалку играа, па ќе добијат шанса напролет. Ќе биде тешко и психички и физички, но верувам дека сме подготвени за предизвикот. Спортски е да очекувам да освоиме барем еден трофеј на крајот на сезоната.

Планиравме да се подготвуваме во Истра, но тоа ќе го одложиме, бидејќи не можеме да играме против Нексе, а и екипите од Словенија не сакаат да дојдат во Хрватска. Ќе направиме турнеја во Словенија и Хрватска и ќе одиме во Целје да одиграме еден натпревар против Целје Пивоварна Лашко. Потоа ќе се стационираме во Загреб, каде ќе останеме 5-6 дена и ќе тестираме со ППД Загреб и Велика Горица. Така, по тие три натпревари, ќе се вратиме во Македонија и ќе одиграме уште неколку натпревари со македонските тимови, кои исто така ќе ги започнат подготовките. Планирам да одиграме шест натпревари до почетокот на февруари и натпреварот од СЕХА лигата против ППД Загреб“, истакна Бабиќ.

GOLD
To Top