Новости

Ракомет

Битолско дерби во првото коло на новата Суперлига

Вчера во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Суперлигата.
Од оваа сезона нема да имаме тимови кои се приклучуваат од разигрувањето, односно сите клубови ќе мора да настапуваат во шампионатот од почеток до крај. Ова значи дека Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе имаат обврски на домашно тло. Ждрепката сакаше во првото коло да се соочат двете битолски екипи, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Сезона 2021/22:
Прво коло:
Вардар 1961 – Скопје 2020
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш 2014
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет 62
Сезоната започнува на 7 и 8 септември 2021 година, а последното коло од регуларниот дел на сезоната се игра на 26 и 27 февруари 2022 година. Плеј-офот ќе се игра од 26/27 март до 28/29 мај 2022 година.

Евротип
Евротип
To Top