Новости

Ракомет

Босанецот Тарабокија потпиша за Металург

Металург се засили на позиција на среден бек. Нов ракометар на скопскиот клуб е босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија, кој потпиша едногодишен договор. Се работи за искусен и квалитетен ракометар, кој во својата кариера настапуваше за ППД Загреб, Марибор, Азоти Пулави, Висла Плоцк, Сесвете и за Чурго од каде и доаѓа во Металург. Иако е роден во Загреб, Тарабокија е стандарден репрезентативец на БиХ. Тарабокија е петтиот ракометар со кој се засили Металург за претстојната сезона, по Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ и Никола Потиќ.

GOLD
To Top