Новости

Ракомет

Брестовац ги избра 20-те ракометари за СП во Египет

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац ја донесе одлуката кои 20 ракометари утре заминуваат за Египет за настапот на Светското првенство.

Без неколкумина стандардни како што се Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, но со Стојанче Стоилов и со Кире Лазаров, Македонија ќе се обиде успешно да се претстави на Мундијалот каде што ќе игра со Шведска, Египет и со Чиле во групата Г.

Повикани ракометари:

Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид)

Леви крила: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Дсни крила: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)

Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург)

Централни бекови: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани)

Десни бекови: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург)

Пивоти: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт)

Евротип
Евротип
To Top