Новости

Ракомет

Брестовац ги повика Стоилов, Манасков и Маркоски, Македонија се надева на настап на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација го подигна нивото на подготвеност ако биде повикана да учествува на Светското првенство во Египет. Имено, селекторот Данило Брестовацги повика Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски за денешното враќање на тренинзи по божиќните празници.

Неофицијално, се зголемија шансите за нашето учество на Светското првенство по многубројните позитивни случаи на ковид-19 во чешката репрезентација и изолацијата на шведскиот национален тим. Дополнително бил повикан и Гоце Георгиевски, но поради здравствени проблеми по прележувањето на коронавирусот, тој нема да се приклучи кон стожерот на националниот тим.

Македонија в недела од 17:30 часот ќе одигра уште еден пријателски натпреваре против Чиле, а потоа ќе биде појасно дали во последен час има шанса за откажување на некоја национален тим и активнирање на првата резерва – македонската ракометна репрезентација.

Светското првенство започнува в среда на 13 јанаури, со натпревар на домашната репрезентација против Чиле.

Извор: гол.мк

GOLD
To Top