Новости

Ракомет

Вардар го „прегази“ Флензбург и го обезбеди билетот за Келн

Вардарци влегоа на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите и испишаа историја кога станува збор за нашиот машки ракомет. „Црвено-црната“ фурија го прегази германскиот Флензбург во реваншот во Скопје со 37 спрема 25 и со две победи притив Бундестимот си обезбеди место на завршницата во Келн.

Избраниците на тренерот, Раул Гонзалес, влегоа фуриозно и максимално против екс-шампионот на Европа и уште во првиот дел направија предност од 15 спрема 10. Победничкиот танц доби на интензитет во второто полувреме кога надојдениот Вардар едноставно го потопи германскиот тим.

Во нашите редови. Лука Циндриќ даде седум голови а Душебаев и Шишкарев по пет. Кај Флензбург, најмногу се истакна Егерт, кој даде осум голови.

Евротип
SNBROKER
To Top