Новости

Ракомет

Вардар има нови двајца ракометари позитивни на ковид-19

Вардар потврди дека од вчерашното тестирање на целиот тим, двајца ракометари биле позитивни на ковид-19.
Вардарци се враќаат на тренинзите и во ЕХФ неделата, на нив ќе ги нема оние кои се повикани во репрезентациите, но клубот пријави и уште двајца позитивни на ковид-19.

„При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат.

Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот.

Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот“, стои во соопштението на Вардар.

Евротип
Евротип
To Top