Новости

Ракомет

Вардар обезбеди ново СЕХА финале против Веспрем

Ракометарите на Вардар обезбеднија место во големото финале на СЕХА лигата откако во првото полуфинале на Ф4 турнирот во Брест убедливо го совладаа ППД Загреб со 36-28 (19-12). Ова за Вардар е по петтипат учество во големото финале на регионалната лига.

Доминацијата на „црвено-црните“ беше потврдена уште во првиот дел кога и беше креирана главната предност од 7 гола. Во вториот дел истата умешно беше одржувана за да се потврди пласманот во големото финале.

Кај Вардар најефикасни беа Чупиќ со 8 и Борозан со 6, а кај ППД Загреб се истакна капитенот Златко Хорват со 8 гола. Сега Вардар го чека подобриот од дуелот меѓу Веспрем и Мешков Брест за свој ривал во неделното финале.

GOLD
To Top