Новости

Ракомет

Вардар се врати од Германија со победа од +2 против Флензбург

Ракометниот шампион на Македонија Вардар е во одлична позиција и ќе можност да игра за пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир од Лигата на шампионите во Келн, откако на првиот четвртфинален натпревар славеше со 24:26 (9:16) против германски Флензбург.

Клучно за оваа победа како што и се очекуваше беше одличната игра во одбраната, пред се во првото полувреме, но и расположените Чупиќ и Дибиров, како и голманот Арпад Штербик на голот на Вардар. Сепак за да се обезбеди пласманот во Келн , Вардар ќе мора да одигра ваков квалитетен натпревар и во Скопје и за го завери пласмонот на Ф4 завршницата во Келн.

Вардар одлично го запоочна натпреваро и со добра одбрана направи предност која ја зголемиваше до крајот на првиот дел кој го заврши со +6 односно 9:15. На стартот на вториот дел се играше со неколку грешки на двете страни , но и неколку исклучувања во нашиот тим што знаеше да го искористи Флензбург и да намали на 2 разлика на крајот од натпреварот 24:26.

Сепак оваа победа е многу вредна за Вардар бидејќи во Скопје ќе го играат реваншот и пред својата публик аќе биде потребно да забележат победа за историски пласма во Келн.

Во редовите на Вардар најефоикасни беа Циндриќ и Дујшебаев со 5 односно Чупиќ и Дибиров со по 4 постигнати голови, а Вардар го имаше и Штербик на голот кој мечот го зварши со 13 одбрани.

Евротип
SNBROKER
To Top