Новости

Ракомет

Вардар ќе го пречека Фленсбург на 27 април

Европската ракометна федерација (ЕХФ), во вторникот, ќе објави термините во кои ќе се играат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Четвртфиналната фаза ќе ја отворат Фленсбург и македонскиот шампион Вардар. „Црвено-црните“, во походот кон Келн, најпрвин ќе гостуваат во Фленсбург, а потоа ќе го пречекаат поранешниот европски првак во Скопје.

Фленсбург ќе го пречека Вардар во сабота на 22.април од 17:30 часот, а реваншот во Скопје е на 27.април, а почетокот е закажан за 19 часот.

Својот прв четвртфинален натпревар на 22.април ќе го одиграат Веспрем и Монпелје, реваншот во Франција е на 30.април.

Ден подоцна, на 23.април, своите први натпревари ќе ги одиграат Кил и Барселона, односно Пик Сегед и ПСЖ.

 

Евротип
Евротип
To Top