Новости

Ракомет

Велигденска честитка од ракометарите: Македонија ја победи Швајцарија

Фото: РФМ/Фејсбук

Македонија не дозволи мотивираните Швајцарци да победат во Скопје. Со упорност и паметна игра, македонските ракометари успеаја да издвојат победа над Швајцарија со 29:28. Македонија победнички ги финишира квалификациите за Европското првенство со пет победи и само еден пораз и убедливо оди на завршниот турнир.

Нашиот национален тим играше без притисок, додека Швајцарците мораа да одат најмалку на реми за да патуваат на континенталниот собир, но не успеаја за еден гол да го направат тоа.

Првото полувреме Швајцарците одржуваа водство за на првото полувреме да се замине со изедначен резултат. Но, на почетокот на второто полувреме, нашата одбрана се подобри, но се разбрани и Митревски, кој во клучните моменти ги запре ударите на Швајцарците.

Најдобри кај стрелците беа Лазаров и Кузмановски со по шест гола, Георгиевски додаде четири, а Талески три гола, додека голманот Никола Митревски заврши со 17 интервенции. Кај Швајцарците, Рубин даде девет гола, пред Шмид со осум.

Ждрепката ЕП 2022 ќе биде в четврток, со почеток од 18:00 часот.

GOLD
To Top