Новости

Ракомет

Во продажба сезонските билети за европските натпревари на Еурофарм Пелистер

Од саботата (9 октомври) започна претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари на следните продажни места:

– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:
– вакцинален сертификат
– потврда за примена најмалку прва вакцина
– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:

19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).

Евротип
Евротип
To Top