Новости

Ракомет

Вујовиќ го напушти Загреб!

Веселин Вујовиќ конечно донесе одлука за неговата иднина и денеска ја напушти екипата на Загреб. Вујовиќ на клупата на хрватскиот клуб седеше нешто повеќе од половина година, а клубот на социјалните мрежи објави порака во која се заблагодарува на „големиот“ тренер и некогаш уште подобар играч. Вујовиќ остави голем печат во Загреб, а уште поголем во својот прв мандат водејќи го тимот во периодот од 2014 до 2016 година. „Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб. Поради лични причини се откажа од оваа позиција и го напушта Загреб. Му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера. Фала Вујо!“ – стои во пораката.

GOLD
To Top