Новости

Ракомет

Голема победа на Еурофарм Пелистер над АЕК, ќе игра осминафинале против Нексе Нашице

Фото: Саше Богоевски

Еурофарм Пелистер ја оствари целта. АЕК Атина „изгоре“ во битолскиот пекол (30-19) и со втората победа во меѓусебните пресметки над овој ривал сезонава битолчани како второпласирани во групата патуваат во следната фаза во Европската лига на ЕХФ.

После натпреварот, тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ рече:
-Беше задоволство да се игра против АЕК оваа сезона и беше задоволство да се гостува и во Атина и да се игра меч тука во Битола. Што се однесува до натпреварот, благодарен сум до небо на сите во Еурофарм Пелистер, моите ракометари уште еднаш покажаа карактер. Секељи можеби беше клучен човек во мечот, но сакам да ја потенцирам одбраната која заврши добра работа. Карактерот и одбраната го добија натпреварот со АЕК. Секако, благодарност и до нашите навивачи за големата поддршка, рече Бабиќ.

Херој на натпреварот беше голманот Мартон Секељи со 14 одбрани и 44% ефикасност.

-На почетокот сакам да им се заблагодарам на гостите од Атина за убавите зборови на моја сметка и на екипата. Првото полувреме беше релативно тешко и нервозно, меѓутоа ние знаевме дека чека ваков натпревар. Подготвени бевме за нивната 5-1 одбрана и во вториот дел го покажавме вистинското светло. Честитки за „Чкембарите“ и за атмосферата која ја направија, беше фантазија и уживање да се игра во ваква убава атмосфера, рече Секељи.


ЕХФ Лига Европа 2021/22
Осминафинале
29.03.2022 – Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер
05.04.2022 – Еурофарм Пелистер – Нексе Нашице

Саатниците за натпреварите дополнително ќе бидат одредени.

Евротип
SNBROKER
To Top