Новости

Ракомет

Голема трагедија: Ненадејно почина прославената македонска ракометарка Јулија Портјанко Николиќ

Ракометна Македонија е во шок и неверување по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ексракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Вардар, Јулија Николиќ, на 38-годишна возраст. Јулија беше родена во Украина, а во Македонија дојде со презимето Портјанко.

Во редовите на европскиот првак Кометал ЃП таа настапуваше од 2003 до 2009 година. Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година таа се пресели во Беледијеспор во Турција. Потоа играше и во Франција, каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар (2013 до 2015 година).

Доби македонски пасош и пред 15-тина години заигра и за сениорската селекција на Македонија, а од националниот тим се повлече во 2012 година. Беше препознатлива по својата бескомпромисна борбеност.

Евротип
Евротип
To Top