Новости

Ракомет

Двата тима на Еурофарм Пелистер со лесни победи се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија

Еурофарм Пелистер лесно обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија со победата над Шампион од 40-13.  Жељко Бабиќ заштеди половина екипа во победата, со тоа што шанса добија неколку членови на младинската екипа и скоро сите максимално ја искористија шансата.

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Маџовски 1, Кукуловски 7, Марковски 6, Танкоски, Ристевски 7, Периќ 1, Костески 5, Велковски, Југовски 4, Ризовски 4, Обрадовиќ, Гуцевски 2, Табоада 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

Шампион:
Канг 1, Велјановски 5, Миловановиќ 1, Мирчески 3, Дебрешлиоски 2, Сотировски, Иванов 1, Кочаров
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

И втората екипа на Еурофарм Пелистер претходно успеа да обезбеди осминафинале во Купот на Македонија со победа над Металург РА со 38:18. Тренерот Јовиќ им даде слободен викенд на поискусните Трајкоски, Васко Димитровски и Ѓукиќ, а помладите максимално ја искористија укажаната шанса.

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Ристевски, Кузманоски 4, Петковски 2, Буторац 1, Мирчевски 4, Пав. Атанасијевиќ 4, Петровиќ, Андонов 2, Димитриоски 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 5, Атанасијевиќ, Белистојановски 5, Блажевски 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Металург РА:
Ангеловски, Божиновски 1, Вељаноски, Костовски 2, Гилев 2, Христоски 7, Ангелески 1, Таневски, Стојчевски, Васовски, Георгиевски 3, Прцуловски, Филиповски 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 2 минути

Евротип
SNBROKER
To Top