Новости

Ракомет

Дибиров: Само со спартанска борба можеме до трофеите

Во Ол стар изборот на Ф4 турнирот во СЕХА лигата се најдоа и четворица вардарци, а меѓу нив и Тимур Дибиров. Нашето лево крило по вторпат е во изборот на најдобрите седум на Ф4 турнирите. Претходно исто признание доби и кога вардарци триумфираа во Нови Сад.

На првиот натпревар на Ф4 турнирот бевме супериорни против ППД Загреб. Вардарци покажаа дека влегуваат во формата што ја посакуваат и дека следува период на силни натпревари каде треба да почнат со освојување на трофеите што ги посакуваат.

„Тие што велат дека Загреб е слаб не разбираат ракомет. Загреб е многу квалитетна екипа, и никој не праша колку време се подготвувавме за Загреб. Спремавме тактика, одбрана, напад и без грешки го покажавме тоа на терен и затоа беше таква разлика во резултатот, вели Тимур Дибиров кој имаше реализација 1/2 на средбата со Загреб, а 5/6 проив Веспрем.

Средбата со унгарскиот првак покажа дека Вардар знае како треба да игра со Веспрем. Сезонава ги победивме во Скопје, одигравме реми во Унгарија. Лани беше слично. Првпат триумфираме на неутрален терен. Ние сме единствен тим во СЕХА што им апозитивен биланс во дуелите со Веспрем.

„Во однос на Веспрем, бевме помотивирани од нив, зашто сакаме да ги освоиме сите турнири на кои учествуваме годинава. Нема шанси да добиеш натпревар во финале без жестока игра. Само со спартанско играње може да се победи. А така игравме ние сега, вели Дибиров.

Вардар на двата натпревари покажа тимски дух. Секој знаеше што се очекува од него, и го правеше она што му беше задача. Индивидуалните квалитети беа ставени во втор план. Најважно беше да се победи. Нормално е да има и падови во играта, но на финалниот дуел со Веспрем нашите момци ја задржаа фокусираноста.

„Кога играш со квалитетни екипи секогаш некој некого надигрува и не можеш да играш без грешки. Не ме интересира мојата техника, туку ми беше важно тимот да победи. Така размислуваме сите во тимот, вели Дибиров.

По триумфот во СЕХА лигата за Вардар следуваат обврски во домашното првенство и купот, што треба да бидат подготовка за четврт-финалните средби од лигата на шампионите.
Утре Вардар гостува во Битола кај Еурофарм Работник, а во среда во Скопје гостува Пелистер.

Евротип
SNBROKER
To Top