Новости

Ракомет

Досегашен играч на Вардар стави потпис на договор со Еурофарм Пелистер

Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник го официјализираше и шестото засилување за новата сезона, откако клубот постигна договор со младиот Дејан Кукуловски, кој досега го носеше дресот на Вардар.
Кукуловски помина низ младинските категории на Вардар, дебитираше за првиот тим пред две години во СЕХА лигата, а во Битола доаѓа на тригодишен договор, на радост на тренерот Жељко Бабиќ.
Покрај Кукуловски, Еурофарм Пелистер досега се засили со Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски, а ги продолжи договорите со Трајковски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.

GOLD
To Top