Новости

Ракомет

Еден билет за два натпревари викендов во Битола!

РК Еурофарм Пелистер ги известува своите приврзаници, навивачи и сите љубители на ракометот дека овој викенд со еден купен билет можете да гледате два натпревари и да ги бодрите своите омилени тимови за само 100 денари.

Сабота (16 октомври) – спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

15:00 часот – Еурофарм Пелистер – Скопје 2020
18:30 часот – Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш

Купете билети на:

– билетарница на спортската сала „Боро Чурлевски„ пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:

– вакцинален сертификат
– потврда за примена најмалку прва вакцина
– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Евротип
Евротип
To Top