Новости

Ракомет

Една година од сензационалната втора европска круна на Вардар

На втори јуни 2019 година, ракометарите на Вардар по вторпат во историјата ја покорија Европа откако го совладаа Веспрем во големото финале одиграно во„Ланксес арена“ во Келн. Македонскиот шампион ден претходно во полуфиналето направи неверојатна сензација против Барселона откако по првиот дел губеше со седум голови разлика. Што се однесува до решавачкиот меч за пехарот, „црвено-црните“ не му дадоа шанса на унгарскиот првак, славеа со 27-24 и го освоија вториот трофеј во елитното европско натпреварување во период од само три сезони.

GOLD
To Top