Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер во Атина ја запиша првата победа сезонава во ЕЛ

Еурофарм Пелистер уште од самиот почеток на гостувањето во Атина наметна свое темпо и успеа на крајот да извојува победа над АЕК Атина (27:30).

Играта во напад на момците на Бабиќ беше течна, Периќ диригираше, а погодуваа и Божиќ Павлетиќ, Граџан и Обрадовиќ. Првото полувреме заврши со 13-16 за пелистерци.

Тие продолжија со супериорноста и во вториот дел од натпреварот. Постојано беше на пристојна разлика во однос на домаќинот, кој правеше обиди да се врати во игра. Меѓутоа нападот на „зелено-белите“ функционираше без грешка и тоа на крај се покажа како одлучувачки фактор на оваа средба. Завршницата донесе уште побезбедно водство на Еурофарм Пелистер. Домашните ракометари имаа неколку кризни минути, кои на крај се покажаа како клучни за првиот пораз во новата сезона. Рутинската игра во финишот донесе конечно славје за екипата од Битола.

Јосип Периќ со осум гола го водеше битолскиот тим кон воведна победа. Кај домашниот тим Милонас и Цирас постигнаа по шест погодоци. За една недела, Еруофарм Пелистер ќе биде домаќин на Татабања во „Боро Чурлевски“. Тоа ќе биде нова можност за избраниците на Жељко Бабиќ да запишат победа на европската сцена.

Евротип
SNBROKER
To Top