Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер го победи Вардар и во Скопје

Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа пријателски дуел во Скопје, а битолскиот тим вторпат по ред беше подобар противник и како и во Струга славеше со 21-26. Екипата на Жељко Бабиќ водеше во текот на сите 60 минути и покажа дека сезонава е и тоа како посилна од минатата.

Домашната екипа настапи без Јотиќ и Дисингер, a за Пелистер не настапи Кукоски. Утре екипата на Бабиќ ќе се сретне со Бутел во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, па се враќа во Битола каде ќе продолжи со тренинзи.

Еурофарм Пелистер сезонава ќе се натпреварува во Лига Европа и СЕХА лигата.

Евротип
Евротип
To Top