Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер го покори Вардар среде Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го добија првото вечно дерби со Вардар 1961 со 23-24 (11-12), во рамките на плеј-офот на Суперлигата во Македонија. Во неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, со присуство на двете навивачки групи „Комити“ и „Чкембари“, по голема битка на крајот се радуваше гостинот од Битола.

Во меч исполнет со голема борба бодовите ги освоија Битолчани кои уште на полувремето најавија дека одат на пол плен добивајќи го првиот дел со 12-11.

Токму тој гол предност успеаја да го сочуваат до самиот крај и да го добијат мечот. Со оваа победа сега Пелистер се врати на првата позиција на табелата пред Вардар кој е второ рангиран.

Овој триумф сигурно ќе значи многу за зелено-белите кои во продолжението на плејоф лигата ќе го одиграат возвратниот меч со вардарци пред својата публика во Битола, кон крајот на април месец, а на тој дуел се очекува да се бие директна битка за титулата.

 

Евротип
SNBROKER
To Top