Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер загуби од ППД Загреб

ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 26:23 (16:14), Спортска сала „Трешњевка“ – Загреб

ППД Загреб: Ашанин (8 одбрани), Турчиќ, Обрановиќ, Вуглач, Стојниќ, Равниќ 9, Кларица 3, Граховац 1, Краљевиќ, Чавар, Лаљек 4, Жаја, Новак 1, Сиротиќ, Вистороп 4, Буриќ 4

Пелистер: Чаневски (5 одбрани), Трајковски (4 одбрани), Ојлески 3, Кукоски 2, Мандалиниќ 4, Периќ, Граџан 3, Радовиќ, Ѓукиќ 6, Стјепановиќ 1, Вегар, Мараш 1, Кукуловски 3, Атанасиевиќ.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола го имаа првиот пораз во мини турнејата во Словенија и Хрватска во рамките на зимските подготовки. Во вториот контролен натпревар, ракометарите од Битола играа во Загреб каде загубија во “Трешњевка“ од ППД Загреб со резултат 26:23, полувреме 16:14.

Првиот дел мина во изедначена битка, со десет израмнувања и дури во финишот на првиот дел хрватскиот првак направи +2.

Во ППД Загреб поведе со 18:15, но битолчани брзо израмнија на 18:18. Во неизвесна завршница две исклучувања кај Еурофарм Пелистер при 23:22 го решија прашањето на победникот, за завршни 26:23 за домашната екипа.

Двете екипи настапија со изменети состави, а Шола и Бабиќ шанса им дадоа на сите ракометари.

Еурофарм Пелистер утре ќе го одработи последниот тренинг во Загреб, а во понеделник попладне гостува во Велика Горица во последниот контролен натпревар во хрватско-словенечката турнеја.

GOLD
To Top