Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер и Вардар во борба за трофејот на Купот на Македонија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на Вардар, денеска во 17.30 часот, во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе играат  во 28-то финале на Купот на Македонија. Претходно славеа во полуфиналните дуели, Вардар над Металург, Пелистер над Бутел.

Во денешното 28. куп-финале, вардарци ќе играат за 14-та, додека, пак, Еурофарм Пелистер ќе се обиде да стигне до шестата куп-титула. Последен пат во финалето на Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер играа во 2017 година, кога вардарци со победа од 31-26 стигнаа до својот 12-ти трофеј. Својата петта последна куп-титула битолчани, пак, ја освоија во 2005 година, кога во финалето беа подобри од Металург, со 28-25.

GOLD
To Top