Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер и ППД Загреб ќе играат на први јуни во Битола

СЕХА Гаспром лигата го одреди први јуни како термин за одигрување на последниот натпревар од група А меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб. Овој натпревар, како и оној на загрепчани во Шабац на 25 мај треба да го одреди финалниот пласман во групата.
Со оглед на епидемиолошката ситуација и најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во лигата, и поради недостаток на датуми во календарот за оваа сезона решено е четвртфиналните натпревари од СЕХА лигата да е играат во август.
Почетокот на мечевите би бил 15 август, а точните датуми ќе бидат познати по консултациите со екипите.
СЕХА лигата реши следниот Ф4 турнир да се одржи во Задра, Хрватска од 3 до 5 септември 2021 година.

GOLD
To Top