Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер славеше во Автокоманда, победа над Металург со 10 разлика

Фото: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Металург, со резултат од 22:32 со што му го нанесоа најтешкиот пораз на Металург во плеј-офот.

Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа во низа, или четврта по пет одиграни натпревари во плеј-офот од македонската ракометна Суперлига.

Најмногу голови кај Еурофарм Пелистер постигна Периќ – седум гола, додека голманот Хендави запиша 13 интервенции. Кај Металург, Хорват беше најдобар со седум гола.

GOLD
To Top