Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 поразен на домашен терен од Пролет

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на Суперлигата, плеј-оф, второ коло) е поазена во Битола, на свој терен од Пролет, со 21:23, полувреме 10:13. Битолчани со подмладен состав, по преминување на играчи во првата екипа, повредениот Јован Талевски и со два црвени картони, одигра борбен натпревар и не беа во подредена улога.

Првиот дел со многу резултатски израмнувања, а во втората половина на полувремето Пролет дојде до +2. Ангелов реализираше на празна мрежа, а со гол од седмерец во последната минута првиот дел заврши со -3 за домашните.

На почетокот на продолжението битолчани ја стопија предноста на Пролет. На средина од вториот дел Павле Петровиќ заработи црвен картон. Со минимална предност на Пролет се влезе во последните десет минути, а следуваше и црвениот картон на Дрогришки. При 19:20 тимот на Јовиќ не реализира напад за израмнување, а до крајот беше 21:23.

Павле Атанасијевиќ со шест и Стефан Талевски со пет погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2.

GOLD
To Top