Новости

Ракомет

Еурофарм Работник го победи Охрид и е на чекор до Европа

Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Охрид со 28-22 (11-10) за своевиден реванш за поразот во „Биљанини извори“ минатиот месец. Сега „фармацевтите“ сега излезот во Европа е реалност и веројатно ќе недостига само уште една победа.

Одбраните доминираа пред нападот, а ниту една екипа не отиде на предност повисока од два гола. Водени од организаторот Чурлевски, ракометарите на Еурофарм Работник играа полетно и поведоа со 5-3 во 10. минута.

Охриѓани возвратија, па во игра гол за гол првиот дел заврши со 11-10 за битолскиот суперлигаш. Многу цврсто започна и вториот дел, но со головите на Чурлевски и Мајнов и одбраните на Чаневски и Арсиќ, битолчани поведоа со 18-15 во 48. минута. И во двете фази екипата на Андон Бошковски функционираше подобро од противникот и Чаневски одбрани зицер, а Чурлевски и Дарио Петровски во 52. минута ги донесоа највисоките 23-17.

Мајнов со 8 и Серхио Барош со 6 гола беа најефикасни кај Еурофарм Работник, а по 6 гола за поразениот Охрид се истакнаа Јанев и Кобетиќ.

Евротип
Евротип
To Top