Новости

Ракомет

Заради трагичниот настан, одложено 13. коло на плеј-офот на Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија целосно го одложи 13. коло од плеј-офот, како последица на трагичната смрт на репрезентативниот голман Никола Даниловски.

Најнапред беше одложен само натпреварот Охрид – Струга, а попладнево одлучено е да не се играат и останатите три натпревари, меѓу нив и дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер. Целото коло најверојатно ќе се одигра в понеделник на 31 мај во 19:00 часот.

Ракометарите и ракометните работници се во шок по ужасната вест од Охрид и не се во состојба денес да играат ракомет.

GOLD
To Top