Новости

Ракомет

Кариера долга повеќе од три децении, Кирил Лазаров заминува во историјата

Македонскиот ракомет никогаш нема да биде ист без Кирил Лазаров, кој со специјално писмо ја објави својата пензија.

Најголемиот во историјата на Македонија ја завршува ракометната авантура по нешто повеќе од три децении. Во 1991 година започна во Овче Поле и изгради кариера која можеби никогаш нема да се повтори. На македонската сцена се проби уште во тинејџерските години и најави дека е посебен во однос на останатите.

Борец му даде шанса неколку години, а потоа ракометна Битола имаше можност да ужива во неговиот талент. Трите години во Битола беа доволни за интерес од неколку странски екипи. Одлуката падна на Загреб, каде нашиот „бомбардер“ напредна доволно за да биде подготвен за европската елита.

Следуваше трансфер во Веспрем, па втора епизода во Загреб и краток престој во Ал Саад, пред да започне долгогодишното градење кариера во Шпанија. Сиудад Реал, кој подоцна премина во Атлетико Мадрид, прв му даде шанса на Пиринеите, а со Барселона го достигна врвот и првпат ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Кога дојде време да замине од „Палау Блауграна“, Лазаров доби примамлива понуда од Нант. Таму остана пет години и на крајот од тековната сезона реши да стави крај на фантастичната ракометна кариера која му донесе светска слава. Сега најдобриот македонски ракометар во историјата е селектор на сениорската репрезентација, што значи дека нема да застане да биде дел од ракометната игра и во пензионерските денови.

Евротип
SNBROKER
To Top