Новости

Ракомет

Кире Лазаров е новиот селектор на ракометната репрезентација!

На вчерашниот состанок на управниот одбор на РФМ, беше донесена одлуката најголемиот македонски ракометар во историјата, Кирил Лазаров да биде новиот селектор на Македонија, а неа ја соопшти претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов.

„Се договоривме со Кире Лазаров тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет“, кажа Мукаетов.

Во наредниот период ќе се формира стручниот штаб, а доплнително ќе се знае дали ќе биде активен играч наредната година или не.

СН Брокер
To Top