Новости

Ракомет

Кузманоски го доби дресот со број осум во Еурофарм Пелистер

21-годишниот стружанец Цветан Кузманоски денес официјално беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на верност во следните три и пол сезони и го доби дресот со број осум. Левото крило на македонската репрезентација своето деби го очекува во следниот период во натпреварите од СЕХА лигата, Лига Европа и Суперлигата.

„Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи.

Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим“, вели Кузманоски.

GOLD
To Top