Новости

Ракомет

Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Бутел, во сабота против Вардар во финалето на Купот

Еурофарм Пелистер ја оправда улогата на фаворит и за едно полувреме го скрши отпорот на Бутел Скопје. Битолчани славеа со 38-23 (16-9) во „Автокоманда“ и в сабота ќе играат за трофејот против Вардар 1961.

Дуелот почна израмнето, па бутелци десетина минути има парираа на фаворитите од Битола. Но, при 6-6 се разбрани Хендави, а почна да „бомбардира“ и Мандалиниќ. Еурофарм Пелистер брзо дојде до +4 и Грчевски побара минута одмор. Бутел немаше идеи против одличната одбрана на пелистерци и со лесни голови на крилата, како и хрватски реализации на Мандалиниќ и Мараш на одмор се замина со 9-16 за Еурофарм Пелистер.

Вториот дел започна со трето исклучување за Кушан и пелистерци мораа скоро едно полувреме без својот кружен напаѓач. Но, со сериозен пристап, одлично диригирана игра од Периќ, пелистерци побегнаа на +9 и Грчевски побара минута одмор. Бабиќ ги одмори своите клучни ракометари, Мандалиниќ не ни влезе во вториот дел и битолчани лесно го приведоа натпреварот кон крај со победа од 23-38.

Најефикасни во тимот на Бутел Скопје беше Младеновски со четири погодоци, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Маџовски со седум и Мандалиниќ и Периќ со по шест гола. Финалето меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се игра в сабота од 17:30 часот.

Извор: gol.mk

СН Брокер
To Top