Новости

Ракомет

Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов во Битола

фото: Саше Богоевски

Екипата на Еурофарм Пелистер им се врати на успесите во СЕХА лигата, откако вечерва во рамки од третото коло во својот дом „Боро Чурлевски“ со сигурни 28-16 (11-7) го совладаа „ранетиот“ тим на Татран Прешов.

Одличната игра во вториот дел од првото полувреме по кое битолчани водеа со 11:7, и одличниот пристап во одбрана во вториот дел беа пресудни за триумфот од 12 разлика.

Хендави со 14 одбрани на голот на Еурофарм Пелистер беше најдобриот поединец на мечот, Граџан постигна сум гола, Периќ шест а Мараш три гола во победничкиот табор.

Натпреварот со Татран Прешов беше еден вид загревање на пелистерци за клучниот меч во Европската лига со Кадетен Шафхаузен против кого ќе решаваат од која позиција ќе патуваат во елиминационата фаза на ова натпреварување.

GOLD
To Top