Новости

Ракомет

Македонија под водство на Лазаров го победи светскиот првак Данска!

Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Ова не е истата Македонија од Светското првенство во Египет. Ова е вистинската Македонија под водство на единствениот Кире Лазаров.

Данците со сигурност мислеа дека многу лесно ќе дојдат до победа откако дојдоа на само неколку часа пред натпреварот, но наидоа на тврд орев.

Во првиот натпревар на Лазаров како селектор, Македонија ја совлада Данска со 33:29. Ова е трета победа откако Македонија квалификациите за пласман на Европското првенство ги започна со две победи против Финска и Швајцарија.

Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Лазаров имаше двојна улога, беше селектор и играч и постигна 4 гола. Двојна улога имаше и Филип Миркуловски, кој беше помошник и постигна 3 гола.

Лазаров покажа дека го разбира ракометот, првиот натпревар вечно ќе се памети, а оваа победа има и големо значење во битката за ЕП затоа што сега Македонија направи голем исчекор кон континенталниот собир.

Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет гола, а Стоилов и Лазаров имаа по четири, додека голманот Никола Митревски нанижа 13 интервенции. Кај светскиот првак лидерот Хансен даде 11 гола, а Менсах Ларсен имаше четири.

Македонија и Данска ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар следната седмица. Закажан е во Алборг, в понеделник од 16:00 часот.

Евротип
Евротип
To Top