Новости

Ракомет

Македонска репрезентативка позитивна на коронавирус!

Македонската репрезентативка и член на Глорија Бузау од Романија, Елена Ливриниќ е единствената позитивна на КОВИД-19 во својата екипа, јавуваат медиумите во Романија. Тестовите биле направени на почетокот на неделава, а по добиените резултати, Ливриниќ ќе оди во карантин. Ливриниќ сезонава од Рапид Букурешт се пресели во Глорија Бузау. Претходно играше за ЦСУ Данубиус, а ја започна кариерата во Металург.

GOLD
To Top