Новости

Ракомет

Мандалиниќ за Битола: Градот е мал, но има душа, тука се пронајдов

Стипе Мандалиниќ и официјално го стави потписот на новиот договор со екипата на Еурофарм Пелистер. Хрватот беше најзвучното засилување на „пелистерци“ во текот на минатото лето, со одлични настaпи во изминатиот период ја оправда довербата на тренерот Бабиќ и на управата.

За првата полусезона во Еурофарм Пелистер:

Првите шест месеци во Битола за мене беа едно убаво искуство. Немавме многу натпревари, не можевме добро да влеземе во форма, но во екипата гледам многу потенцијал и добро работиме и тренираме. Мојот впечаток за овие шест месеци е многу позитивен. Што се однесува до градот, градот е мал, но има душа. Живее за спортот, посебно за ракометот. Тука е одлично за моето семејство, во овој град се пронајдов, среќен сум во Битола и така ја договоривме соработката за следната сезона. Клубот се стреми за големи цели, почнувајќи од тренерот и стручниот штаб. Откако размислив и се консултирав одлучив да ја продолжам соработката.

За целите на Еурофарм Пелистер во 2021 година:

Во вториот дел од сезоната натпреварите се збиени. Ќе има многу натпревари, но не ме плаши збиениот календар, бидејќи играв во Бундеслигата, каде што се играат три натпревари неделно. Треба многу да се работи и да бидам искрен, го гледам тимот многу високо. Како ќе оди текот на сезоната ќе видиме, но одиме натпревар по натпревар.

За играњето пред празни трибини и отсуството на гледачи на трибините:

За навивачите на Пелистер сум слушал од многумина, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест, и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“, баш кога треба да го прекршите натпреварот. Секому му недостигаат, но нам посебно. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни фали на големите натпревари. Но, ние може да им ветиме и ним и на граѓаните на Битола дека на секој натпревар ќе го дадеме максимумот.

GOLD
To Top