Новости

Ракомет

Металург пред моментот на вистината во Лига Европа

Металург вечерва ќе се обиде да оствари добар резултат и предност на домашен терен против швајцарскиот тим Кринс од Луцерн во последното коло пред обезбедување на пласман во групната фаза во новоформираната Европска лига. Тренерот Зоран Кастратовиќ и неговите ракометари ќе имаат императив победа со што е можно повисока разлика, со цел да се обезбеди помирен реванш на гостински терен. Металург посакува да се пласира во ова натпреварување кое го има своето премиерно издание токму во оваа натпреварувачка сезона 2020/21. Противникот воопшто не е за потценување и игра во одлична форма, не загубил на последните осум меча, на кои има седум победи и еден нерешен резултат. Одлично одиграа и на средбите од претходното коло во квалификациите за Европската лига каде на домашен терен ја победија Дубрава со 29:27, но победија и на гостински и тоа убедливо со 28:19. Тоа е доволнен показател за Металург дека нема да имаат лесна задача за да ја остварат својат зацртана цел, пласман во групите од Европската лига. Тренерот Зоран Кастратовиќ ќе може да смета на сите расположливи сили, нема проблеми околу составот на својата екипа за вечерашниот натпревар со Кринс кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот, а реваншот во Луцерн пак ќе се игра една недела подоцна во 18:45 часот.

GOLD
To Top