Митревски се враќа за вечерашниот дуел со Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во Дебрецин ќе го одигра и вториот натпревар на Европскиот шампионат во 2022.
Противник на подмладениот тим на Македонија е балканскиот ривал Црна Гора. За избраниците на Кире Лазаров кои и покрај поразот одиграа одлично на стартот на првенството против фаворизираната Словенија вечерашниот дуел против Црна Гора од 18 часот е шанса за прв триумф на овој ЕВРО, чии домаќини се Унгарија и Словачка.
Македонскиот национален тим вечерва се очекува да биде посилен и за првиот голман Никола Митревски, кои по серијата негативни тестови на корона , синоќа пристигна во Дебрецин и со оваации беше пречекан од своите колеги.
