Новости

Ракомет

Млад Србин е нов соиграч на Лазаров во Нант

Милан Милиќ официјално беше претставен како нов ракометар на францускиот клуб и претставник на оваа земја во Лигата на шампионите, Нант. Младиот 22-годишен Србин потпиша четиригодишен договор и ќе ја дели соблекувалната со Кирил Лазаров. Милиќ го доби дресот со број пет, а добредојде му посака тренерот на екипата Алберто Ентрериос. „Милан има талент да постигне гол и многу солуции во играта шест против пет. Неговото најдобро оружје ќе биде неговата тактичката полезност и интелигенција”, изјави Ентрериос. Нант во новата сезона ќе започне со подготовките месецов, а првите натпревари во француското првенство и Лигата на шампионите ги очекува во септември годинава.

GOLD
To Top